ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИ СОВЕТ НАВРЕДЕН ОТИ ЈАНЕВА РЕКЛА ДЕКА СУДИИТЕ НЕМААТ МОРАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИ СОВЕТ НАВРЕДЕН ОТИ ЈАНЕВА РЕКЛА ДЕКА СУДИИТЕ НЕМААТ МОРАЛ

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски по седницата на која беше распишан оглас за избор на претседатели на Врховниот суд на РМ и на Основниот суд Скопје 1, бидејќи на претседателите Лидија Неделкова и на Владимир Панчевски им истекува мандатот, изјави дека е задоволен од нивната досегашна работа.
    „Задоволен сум од работата на двајцата претседатели, и на Врховниот, и на Основниот суд Скопје 1, како според ажурноста, така и со начинот на постапување, со оглед на обемот на работата на овие два суда и специфичноста на предметите кои ги водат. Многу институции го напаѓаат, особено Основниот суд Скопје 1, и во врска со тие напади, ние ја следиме секојдневно работата на Основниот суд Скопје 1. Јас како судија сакам да кажам дека ниту еден обвинител во мојата пракса како судија кривичар, не ме навредил на начинот како што Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги навредува сите, но и поединечно судиите во РМ, на лична основа. Дури во едно интервју неделава изјави дека можеби и не се луѓе, а спорен бил и нивниот морал“, кажа претседателот на Судскиот совет.
    Тој упати дека има жалбена постапка, има Закон за кривична потапка, има Кривичен законик и оти ако некој го прекрши законот ќе одговара соодветно или дисциплински, или кривично.
    „Особено иритира изјавата на Јанева дека се води постапка за судии од Управниот суд. Тоа е конкретно напаѓање на еден суд и директно е рушење на угледот на тој суд и на целото судство. Многу граѓани имаат предмети пред тој суд. Да кажете за некои судии се води постапка, без да кажете за кои, за колкумина, дали за сите се води, имајќи го предвид функционалниот имунитет што го имаат судиите, е крајно неетичко, нецивилизирано и некултурно така да се изјави. Во нашата судиска и обвинителска етика стои дека тоа што сме го добиле како доверлив материјал за работа, можеме да го користиме само при извршување на работата, а не на интервјуа да се фалиме дека нешто за некого знаеме“, забележува Караџовски.
    Потоа се впушти во коментар: „Во врска со тоа интервју на Јанева морам да кажам дека таа беше прозивана и јавно кажа дека апсењето на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко било незаконито, но само еден и пол час. Не знам што сакаше да каже со тоа признание“.
    Претставки од Јанева против судии нема, иако најави пред околу пет месеци дека ќе поднесе.
    Распишувањето на огласот за избор на претседатели на Врховниот суд на РМ и на Основниот суд копје 1 не може да се поврзе политички поради тоа што ќе се распушти Собранието и партиите ќе влезат во изборна кампања, тврди тој, зашто Судскиот совет има законска обврска да распише оглас поради истекот на мандатот на претседателите на судовите.
    Согласно препораките од Антикорупциската комисија за изборот на судии и претседатели на судови во  периодот на избори и изборна кампања, изборот на судии би се случил по парламентарните избори.
    Ако до датумот кога им истекува мандатот не бидат избрани, а тоа е 4 декември, согласно Законот за судови, ќе бидат избрани в.д. претседатели. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира