ПРИОРИТЕТНИОТ УПАТ ЌЕ БИДЕ СО ТОЧНА ДИЈАГНОЗА И ЌЕ ВАЖИ 24 ЧАСА, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    ПРИОРИТЕТНИОТ УПАТ ЌЕ БИДЕ СО ТОЧНА ДИЈАГНОЗА И ЌЕ ВАЖИ 24 ЧАСА, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ„Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира“, рече министерот за здравство Венко Филипче, при примопредавање на донацијата на Детска Клиника

    Приоритетниот упат веќе нема да важи пет дена, туку пациентот услугата ќе треба да ја добие во рок од 24 часа. Министерот за здравство Венко Филипче на примопредавање на донацијата на Клиниката за детски болести од германската амбасада, кажа дека прават промени во издавање на приоритетниот упат, кои наскоро ќе се имплементираат.

    „Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира. Повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области“, рече Филипче.

    Тој објасни дека точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, и тој пациент ќе добие приоритетен упат и ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен.

    Тој кажа дека веќе направиле дел од промените во електронскиот систем за закажување МојТермин, во кој е додаден, за да се знае во секоја здравствена установа во секој момент со кои лекови и материјали располага. Филипче кажа дека со оваа евиденција треба да се избегне дефицит на лекови во една болница, а вишок во друга.

    „Системот се надградува и со модули во кои се ставаат посебните центри кои го чуваат инсулинот за да има електронски увид. Се прават електронските регистри на пациентите со ретки болести, но и на пациентите со хронични болести. Се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме електронски систем кој ќе ги интегрира сите јавни здравствени институции, а ние како Министерство за здравство ќе имаме увид во секој момент со што тие институции располагаат“, рече Филипче.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира