ПРИТВОРИ СЕ ОДРЕДУВААТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 2018

    ПРИТВОРИ СЕ ОДРЕДУВААТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ЗА 2018Во повеќето случаи, Јавното обвинителство и на Специјалното јавно обвинителство бараа, а судот изрече, превентивни мерки место притвори за осомничените и обвинетите. - Затворот во Шутка (архивска фотографија)

    Американскиот Стејт Департмент ги објави извештаите за човекови права за 2018 година, вклучувајќи го извештајот за Северна Македонија, во кој е наведено дека има напредок во медиумите и во судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата. Во делот за почитување на личниот интегритет и слободата, се вели дека минатата година е значително намален бројот на изречени притвори за осомничени и обвинети лица.

    „Во мнозинството случаи, судовите се придржуваа до законските процедури за притвор. Во текот на годината, бројот на мерки притвор одредени од судовите се намалија значително во однос на претходните години. Во повеќето случаи, Јавното обвинителство и на Специјалното јавно обвинителство бараа, а судот изрече, превентивни мерки место притвори за осомничените и обвинетите за да се спречи бегство, загрозување сведоци, уништување докази и повторување на делата“, се вели во извештајот на Стејт Департментот.

    Во делот за условите во затворите, во извештајот е нотирано дека државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди и во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на Европа од октомври 2017 година, условите би можеле да се опишат како сурови, нехумани и деградирачки.

    За судството, се вели дека ограничената независност на судството, политизацијата на судскиот надзорен орган и недоволните финансии се понатамошна пречка за работата и ефикасноста на судовите

    Во извештајот е наведено дека Владата направила прогрес во почитување на слободата на медиумите и слободата на изразување, иако проблемите како слаба медиумска независност, насилство и заплашување новинари остануваат

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира