„ПРОБАВТЕ ДА СОКРИЕТЕ УБИСТВО“, ПОТСЕТУВА ШАРЕНАТА РЕВОЛЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ПРОБАВТЕ ДА СОКРИЕТЕ УБИСТВО“, ПОТСЕТУВА ШАРЕНАТА РЕВОЛЦИЈА

    На чело со Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин Нешковски, колоната демонстранти во Скопје тргна кон Собранието на Република Македонија. Демонстрантите носат голем транспарент на кој пишува „пробавте да сокриете убиство“ и извикуваат „Нема правда, нема мир“. Мото на вечерашниот протест е „Крвта не е боја, бојата се пере“ оти  денес се одбележува точно една година откако јавноста во бомбите ја слушна вистината за убиството на Мартин Нешковски и приближно пет години од убиството.
    На 5 мај лани  во бомбата број 29 за убиството на Нешковски зборуваат поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и порнешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во разговорот, според опозицијата, Мијалков објаснува дека Игор Спасов бил на должност кога го извршил убиството, а Јанкулоска открива дека убиството се криело од јавноста.
    Откако ги слушнаа разговорите илјадници граѓани спонтано излегоа на улица да го искажат револтот. Побараа одговорност и оставки од сите вмешани во разгворите и ги нарекоа убијци. Овој протест заврши со 30 приведени лица и 38 повредени полицајци отако полицијата ги растури демностантите. Протестите, уште пожестоко, продолжија и наредните денови, а прекинаа на 9 мај кога во кумановско Диво Насеље во разбивање на тероростичка група загинаа осум полицајци, а 30 беа повредени.
    Дека крвта не може да се исчисти демностантите денес порачаа и преку бојадисување во црвено на водата во фонтаните „Делфина“ во Влае, „Олимпија“ во Центар и фонатаната на плоштадот Филип Втори во Автокоманда. Организацијата „Бунт“ на својот фејсбук профил остави куса порака поврзана со бојадисувањето на фонатните „Фонтаните можете ама крвта на жртвите не се чисти“.
    На Шарената револуција вечерва првпат се приклучува и Ресен, а се протестира и во Делчево, Охрид, Кочани, Крива Паланка, Градско, Карбинци, Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица, Битола и Гевгелија.
    Шарената револуција ја организира граѓанското здружение „Протестирам“. Тие бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари