ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ, МВР УШТЕ НЕ ФАТИЛО НИЕДЕН НАПАЃАЧ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ, МВР УШТЕ НЕ ФАТИЛО НИЕДЕН НАПАЃАЧ

    Продолжуваат нападите врз новинарите. По нападот на новинарската екипа на порталот А1он во вторникот пред завршувањето на протестот  организиран од гражанската иницијатива „За заедничка Македонија“, денес бил вербално нападнат и плукнат в лице новинарот на НОВАТВ, Борјан Јовановски во ресторанот „Воденица“ во Скопје.

    Новинарот Јовановски бил на ручек со неговиот пријател и колега Атанас Кировски (главен уредник на Телма) кога до масата пристапил млад човек со капа на глава и му се обратил со зборовите “предавник“ и го плукнал в лице. Инцидентот бил сниман од мобилен телефон од друго лице.

    Видеото го објави ТВ водителот Миленко Неделковски, а Јовановски се сомнева дека токму водителот го нарачал инцидентот.

    И новинарот Бранко Тричковски во вторникот бил вознемирен во својот дом од двајца тинејџери со качулки. Видеото од вознемирувањето на влезната врата од станот во кој живее потоа беше пуштено на социјалната мрежа Твитер.

    По нападот на екипата на А1он, по кој новинарот и снимателот завршија во болница, полицијата привела на информативен разговор 12 лица. Но, МВР не соопшти дали напаѓачите се откриени.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани се сомнева дека дека зад овие напади стои лично лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој во средата се сретна со министерот за министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и му кажа до сега полицијата нема расчистено ниту еден напад на новинар. Селмани рече дека за последните 6 години имало 40 случаи на напади на новинари, но полицијата до сега не открила ниту еден напаѓач.

    Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, почнаа во вторникот, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на Телевизија Сител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој не успеа да формира влада со ДУИ оти беше против продолжување на мандатот на СЈО. Во интервјуто Груевски порача дека државата е нападната и само народот може да ја одбрани. На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции. Иницијативата беше промовирана од директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и пијанистката и амбасадор на културата во Австрија Елена Мисиркова Лоза.

    Според организаторите, овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија, а против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира