ПРОФЕСОРКАТА АЧКОСКА, КОЈА НАПИША НА ФЕЈСБУК ДЕКА ТИНЕЈЏЕР УМРЕЛ ОД ДРОГА ВО ПИЈАЧКА, ВО ПОЛИЦИЈА РЕКЛА ДЕКА СЛУШНАЛА МУАБЕТИ ОД ДЕЦА

    ПРОФЕСОРКАТА АЧКОСКА, КОЈА НАПИША НА ФЕЈСБУК ДЕКА ТИНЕЈЏЕР УМРЕЛ ОД ДРОГА ВО ПИЈАЧКА, ВО ПОЛИЦИЈА РЕКЛА ДЕКА СЛУШНАЛА МУАБЕТИ ОД ДЕЦАИзвесно е дека Ачкоска кривично ќе одговара за објавената лажна вест, од која потоа се рашири хистерија меѓу граѓаните (Фото: Фејсбук профил на Виолета Ачкоска)

    Универзитетската професорка и историчарка Виолета Ачкоска, авторка на постот на Фејсбук со кој објави вест дека средношколец починал од дрога во пијалок, денеска на службен разговор во полиција признала дека постирала непроверена, односно лажна вест.

    Денеска во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.

    Извесно е дека Ачкоска кривично ќе одговара за објавената лажна вест, од која потоа се рашири хистерија и предизвика лавина нови постови и коментари на социјалните мрежи, за во кои бројките на тинејџери „починати од дрога“, растеше и достигна до девет „жртви“.

    „Во врска со случајот, од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности“, вели МВР.

    Вчера Министерството најостро ги демантираше лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, а кои се беа масовно рашириле на социјалните медиуми.

    „Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до вчера (среда). МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои“, кажа вчера полицијата, но коментарите и хистеријата не престанаа.

    МВР смета дека е очигледна целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира