ПРОНАЈДЕН АВИОНОТ ШТО ИСЧЕЗНА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ВО НЕГО БИЛЕ ИТАЛИЈАНСКИ И КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОНАЈДЕН АВИОНОТ ШТО ИСЧЕЗНА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ВО НЕГО БИЛЕ ИТАЛИЈАНСКИ И КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИ

    Полицијата вечерва кај селото Блаце, јужно од Скопскиот аеродром го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско, каде што е паднат авионот Пајпер со германски регистарски ознаки сопственост на авиоклуб од Тревизо, Италија.

    Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изјави дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.

    Местото каде што се верува дека се урнал италијанскиот авион со германски регистарски ознаки

    Местото каде што се верува дека се урнал италијанскиот авион со германски регистарски ознаки

    Во авионот биле двајца италијански и четворица косовски државјани.

    Екипа на Обвинителството е на терен и врши увид но се уште не сакаат да дават детали за медиумите.

    Според екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК која е во близина на местото на несреќата, се работи за тешко пристапен терен.

    Авионот со капацитет од 6 патници исчезна од радарите на Контролната кула на Скопскиот аеродром попладнево околу 17.40 часот во фазата на слетување. Летал од Тревизо, а во Скопје требало да дополни гориво.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира