ПРОТОЃЕР СЕ РАЗБОЛЕ ПРЕД БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО 2011, СУДИЈАТА ШАБАНИ ГО ОДЛОЖИ „ТИТАНИК“

    ПРОТОЃЕР СЕ РАЗБОЛЕ ПРЕД БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО 2011, СУДИЈАТА ШАБАНИ ГО ОДЛОЖИ „ТИТАНИК“Поранешниот шеф на кабинетот на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за претходното рочиште од судењето за предметот „Титаник“ на СЈО (Фото: СДК.МК)

    Мартин Протоѓер, обвинет за злосторничко здружување и изборни нерегуларности со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Билјана Бришковска-Бошковски, Едмонд Темелко и уште 14 други обвинети, не дојде денеска во Основниот суд Скопје 1. Судијата Осман Шабани го одложи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО , откако адвокатот на Протоѓер покажа медицинска документација.

    Шабани на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова ѝ кажа дека може да направи проверка на веродостојноста на документацијата, а на адвокатот на Протоѓер да каже навреме ако до 24 септември клиентот не оздрави, за да го одложи и тој термин.

    Ова е најголемиот случај на СЈО. Од 1.000 прислушувани разговори колку што се предложени како доказ, досега во судница беа пуштени околу 300. На минатото рочиште бомбите стигнаа до денот на парламентарните избори, 5 јуни 2011 година.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира