ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПАДНА ЗА 1 ОТСТО, А НА НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 9, 9 %

    ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПАДНА ЗА 1 ОТСТО, А НА НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 9, 9 %Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000. (Фото: К. Попов)

    Од 23 до 29 ноември пријавени се 206 смртни случаи од ковид-19 од 25 градови, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.

    Министерството за здравство вели дека според неделниот извештај на Институтот, намален е бројот на нови случаи на ковид-19. Тестирани се  18.767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, 4,6% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (1.624, 24,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (1.409; 20,9%), 40-49 (1.258; 18,7%), 50-59 (1.210; 17,9%) и 20-29 (877; 13,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (99; 1,5%) и 10-19 години (61; 3,9%).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира