Првиот случај на флурон во земјава, што е комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, е откриен кај 26-годишен пациент од Општина Зајас, соопшти Министерството за здравство.
„Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција ковид-19/инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Макеоднија. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, соопшти Министерството.
Флуронот го детектирала лабораторијата „Синлаб“ и го информирала Институтот за јавно здравје.