„ПУЧ“ ПАК ОДЛОЖЕН, ГРУЕВСКИ НЕПОКАНЕТ, СУДИЈКАТА ИЗБЕГА ОД КАТИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАЖАМ.МК)

    „ПУЧ“ ПАК ОДЛОЖЕН, ГРУЕВСКИ НЕПОКАНЕТ, СУДИЈКАТА ИЗБЕГА ОД КАТИЦА

    Овојпат поради немање безбедносни сертификати на двајца поротници, судијката Љубинка Башевска по десетти пат го одложи судскиот процес за случајот „Пуч“, што предизвика бурна реакција од специјалната обвинителка Катица Јанева, поради што беше опоменета дека ќе биде парично казнета.

    „Не си одете, чекајте, година дена нè малтретирате со недавање на доказите, со безбедносни сертификати, зошто не обезбедивте резервни поротници со сертификати, како што налага законот? Казнете ме слободно, јас ќе стојам овде додека не одговорите!“, нервозно ѝ се обраќаше Јанева на судијката Башевска.

    Стана и адвокатот на Зоран Заев и на Зоран Верушевски и праша зошто сведокот Никола Груевски го нема пак, зошто не го поканила.

    На ова прашање Башевска не сакаше да одговори. Таа ја опомена Јанева за нарушување на редот во судницата и си излезе низ задната врата. Не закажа нов термин за рочиште, рече го одлага „Пуч“ на неопределено.

    Покрај Заев и Верушевски, кој е првообвинет, во случајот „Пуч“ обвинети се и неговата сопруга, Соња Верушевска, и Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица.

    Четворицата обвинети во „Пуч“ се товарат за шпионажа, насилство врз преставници на највисоките државни органи, неовластено прислушување и за тонско снимање.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира