ПУНКТОТ ЗА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ВО „ПРОЛЕТ“ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ НЕМА ДА БИДЕ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ, ТУКУ ЌЕ СЕ ПОВИКУВААТ ОНИЕ КОИ ВЕЌЕ ИМААТ ЗАКАЖАН ТЕРМИН

    ПУНКТОТ ЗА СЛИКАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ВО „ПРОЛЕТ“ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ НЕМА ДА БИДЕ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ, ТУКУ ЌЕ СЕ ПОВИКУВААТ ОНИЕ КОИ ВЕЌЕ ИМААТ ЗАКАЖАН ТЕРМИНОние кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.(Фото: СДК.МК)

    Пунктот за фотографирање за лични документи во полициската станица „Пролет“ во Скопје од утре нема да работи без закажување, туку ќе се повикуваат оние кои веќе закажано термин. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија дека е донесена одлука за трансформирање на пунктот во „Пролет“ за да реши хаосот со вадењето лични документи со „Северна“.

    Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации“, велат од МВР.

    Во склоп на пунктот Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање од понеделник до сабота, а од понеделник ќе се воведе и фотографирање во втора смена, вели МВР.

    Во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку Интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови“, додаваат од МВР.

    Според Преспанскиот договор со Грција од 2018, со кој се реши 30-годишниот спор за името на земјава, личните документи мора да се заменат со новото уставно име Северна Македонија до 12 февруари годинава. Оние кои немаат лични документи со „Северна“ нема да може да излезат од земјава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира