РАМА СО ОБАМА ВО ВАРШАВА, ЃОЛЕ НА ИВАНДЕН ВО СЛЕПЧЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:60:"Варшава,Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАМА СО ОБАМА ВО ВАРШАВА, ЃОЛЕ НА ИВАНДЕН ВО СЛЕПЧЕ

    Премиерот на Албанија Еди Рама вчера на својот Фејсбук профил објави самослик со претседателот на САД Барак Обама, направен за време на Самитот на НАТО во Варшава. На Самитот присуствуваат над две илјади учесници, односно 65 делегации од 28 земји членки и 26 држави-партнери, како и претставници на ОН, ЕУ и Светска банка.

    На првиот ден од Самитот на НАТО, претседателот Ѓорге Иванов беше во Демирхисарско. Од неговиот Кабинет соопштија дека „Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски присуствуваше на свеченото отворање на „Демирхисарско културно лето 2016″, кое се одржа во комплексот на манастирот „Св. Јован Претеча” во село Слепче.

    Претседателот на САД Барак Обама изјави дека Самитот во Варшава е најважен за Алијансата по завршувањето на Студената војна.

    Иванов на свечена aрхијерејска литургија што се одржа во слепчанскиот манастир по повод православниот празник Иванден – раѓањето на свети Јован Крстител

    Иванов на свечена aрхијерејска литургија што се одржа во слепчанскиот манастир по повод православниот празник Иванден – раѓањето на свети Јован Крстител

    И претседателот на Македонија беше поканет да присуствува на овој Самит. Во изјавата што ја доби САКАМДАКАЖАМ од прес центарот на НАТО се вели дека Македонија е една од 26-те земји членки поканети на овој Самит. „Бидејќи Самитот се одржува на ниво на шефови на држави и влади, поканите беа испратени до сите 28 шефови на држави и влади на земјите членки на НАТО, плус на шефовите на држави и влади на 26 земји партнери“, се вели во дописот од седиштето на НАТО во Брисел и се додава дека „секоја земја сама одлучува кого ќе испрати како претставник на Самитот“.

    Македонија во Варшава ја претставуваат вицепремиерот и шефот на дипломатијата Никола Попоски и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

    NATO family

    Претседателот Иванов го нема на фамилијарната слика на 54 шефови на држави и влади и претставници на ЕУ што се собраа на Самитот во Варшава, иако беше уредно поканет

    Во Варшава вчера беше потпишана заедничка декларација за нова безбедносна стратегија меѓу НАТО и ЕУ. „Декларацијата која денеска ја потпишавме испраќа јасна порака, посилна Европска Унија значи и посилен НАТО, а посилен НАТО значи и посилна ЕУ“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира