РАСПРАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ В ПЕТОК

    РАСПРАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ В ПЕТОКПратениците Даниел Рангелова, Петре Шилегов, Илија Димовски и Ферид Мухиќ на денешната расправа за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина маратонската седница за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски во 21.30 часот и продолжението го закажа за петок во 11 часот.
    Во попладневните и вечерните часови продолжија меѓусебните реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но за согласување едни со други, поддршка и надополнување, а следеа и контрареплики, пак за согласување, надополнување и поддршка на „репликите”.

    Речиси никој од говорниците не се држеше до точката на дневниот ред, разрешувањето на Зврлевски. Опозициските пратеници зборуваа за пожарите, за Договорот за добрососедство со Бугарија, за наводна намера на Владата да насели илјадници бегалци во Македонија…

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира