РАЗОЧАРАН СУМ ОД КАТИЦА ЈАНЕВА, НО ПОВЕДЕНИЕТО НА ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРАЗИ НА ЦЕЛАТА ИНСТИТУЦИЈА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ

    РАЗОЧАРАН СУМ ОД КАТИЦА ЈАНЕВА, НО ПОВЕДЕНИЕТО НА ЕДЕН ОБВИНИТЕЛ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРАЗИ НА ЦЕЛАТА ИНСТИТУЦИЈА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИПретседателот Стево Пендаровски вели дека е оправдан револтот на граѓаните од аферата „Рекет“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски е разочаран од она што го слушнал на снимките од случајот „Рекет“ и го повика обвинителството побрзо да го расчисти случајот, а не да си тераат колективни одмори. Пендаровски на денешната прес-конференција кажа дека изминатиот месец во земјава се случила огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции.

    „Оправдан е револтот на граѓаните. Јас како граѓанин сум разачаран од оваа афера и од обвинителката од СЈО која се споменува и ја има во разговорите. Како претседател барам брза и темелна истрага, а не надлежните од обвинителството да тераат одмори како да се работи за редовна ситуација, а не е така“, кажа Пендаровски.

    Пендаровски побара против сите вмешани во случајот „Рекет“, било да се политичари, бизнисмени или носители на јавни функции да се преземат соодветни мерки доколку постојат докази за тоа и на тој начин ќе се врати довербата на граѓаните во институциите.

    „Одговорност мора да има за секого, никој не смее да биде над законот. СЈО како институција има придонес во воспоставување на правна држава и не може поведението на еден обвинител, дури и да се докаже вмешаност, да се одрази за целата институција. СЈО треба да продолжи да постои внатре во ОЈО, а сите истраги да продолжат“ кажа Пендаровски.

    Прашан дали се сретнал со осомничениот Боки 13, Пендаровски рече дека тоа се случило двапати, еднаш во 2015 година во кампот пред Владата и вторпат во април годинава, кога бил гостин на „1тв“ и имал краток неколкуминутен разговор.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира