РЕДОВНО ЈА ЧИСТИМЕ ВЛАДАТА, А ДОЦНИМЕ СО ПЛАТА САМО 20 ДЕНА ОТИ НЕ НИ Е ПЛАТЕНА ФАКТУРАТА ЗА МАЈ, ВЕЛАТ ОД „СЕКЈУРИКОМ“

    РЕДОВНО ЈА ЧИСТИМЕ ВЛАДАТА, А ДОЦНИМЕ СО ПЛАТА САМО 20 ДЕНА ОТИ НЕ НИ Е ПЛАТЕНА ФАКТУРАТА ЗА МАЈ, ВЕЛАТ ОД „СЕКЈУРИКОМ“Од „Секјуриком“ велат дека доцнат со плата само 20 дена односно дека на вработените им е исплатена априлската плата, а за месец мај не можат да ја поделат оти Службата за општи и заеднички работи уште не им ја исплатила фактурата. - Вработена во „Секјуриком“ го чисти влезот на Владата (Фото: СДК.МК)

    Не е точно дека не ги чистиме министерствата и владините институции, нашите вработени редовно си ги извршуваат работните задачи, велат од фирмата „Секјуриком“ откако денеска од Владата рекоа институциите не се чистат редовно.

    Од „Секјуриком“ велат дека доцнат со плата само 20 дена односно дека на вработените им е исплатена априлската плата, а за месец мај не можат да ја поделат оти Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) уште не им ја исплатила фактурата.

    „Категорично ги отфрламе тврдењата дека вработените со месеци немаат земено плата и поради тоа одбиваат да ги извршуваат работните задачи. Стоиме позади тоа дека доцниме со исплата 20 дена само за месец мај, како резултат на ненавремено плаќање на нашите фактури за извршени услуги, за што се вложуваат напори истата да биде исплатена во најбрз можен рок“, велат од „Секјуриком“.

    „Не знаеме дали фактите од соработката помеѓу ‘Секјуриком’ и СОЗР нарочно се извртуваат и дали позади тоа стојат интереси на определени поединци или правни лица, а во пресрет на распишувањето на новиот тендер за за обезбедување и одржување на хигиена во државните институции“, додаваат од„Секјуриком“.

    Од Службата за општи и заеднички работи денеска рекоа дека министеството и институциите три месеци не се одржуваат редовно и дека ќе побараат одговорност од фирмата зошто не се придржува на одредбите од договорот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира