РОДИТЕЛИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ТРГНАТ НАСТРАНА ПОЛИТИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ ОД ДЕЦАТА, ВЕЛИ ЦАРОВСКА ЗА НАЈАВЕНИОТ БОЈКОТ НА НАСТАВАТА

    РОДИТЕЛИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ТРГНАТ НАСТРАНА ПОЛИТИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ ОД ДЕЦАТА, ВЕЛИ ЦАРОВСКА ЗА НАЈАВЕНИОТ БОЈКОТ НА НАСТАВАТАВо однос на ситуацијата со заразени ученици во училиштата, Филипче утрово кажа дека бројките досега покажуваат дека е навистина мал бројот на ученици кои се заболени. (Фото: К. Попов)

    Родителите и одредени политички партии да ги тргнат настрана своите тесни лични интереси од децата и во моментов да го следат интересот на децата, апелираше министерката за образование и наука Мила Царовска, откако Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ го најави денешниот предупредувачки бојкот на наставата.

    Како што објави „Тетовоинфо“, денес дел од родителите на учениците во четврто одделение во основното училиште „7 Март” во Милетино, Општина Брвеница не ги пуштија своите деца на училиште. Тие се револтирани што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.

    „Ниедно училиште не е затворено поради бојкот. Бојкотот не врши работа никому, и најмалку е во интерес на учениците. Програмата е донесена и почната и имав можност да видам дека наставниците и учениците се задоволни. Новата програма треба да даде квалитет во образованието“, рече Царовска на настан во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во општина Кисела Вода.

    Во однос на ситуацијата со заразени ученици во училиштата, министерот за здравство Венко Филипче утрово кажа дека бројките досега покажуваат дека е навистина мал бројот на ученици кои се заболени.

    „До крајот на минатата недела во четири скопски општини, во по две училишта во секоја од општините, имаше по едно заразено дете со мал број на контакти според епидемиолошките анкети. Денеска дополнително се регистрирани уште два ученика, еден од Велес и тоа е за прв пат во внатрешноста и во уште едно училиште во Скопје што значи дека навистина е мал бројот на деца кои до сега се евидентирани дека заболеле“, рече Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира