РУСКАТА ИНВАЗИЈА Е НАПАД НА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ НА УКРАИНА, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    РУСКАТА ИНВАЗИЈА Е НАПАД НА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ НА УКРАИНА, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИРусија утрово почна воена операција во Украина, која се напаѓа од северот, истокот и југот; - Експлозија во главниот град Киев. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Претседатекот Стево Пендаровски ја осуди руската инвазија на Украина и во име на македонските граѓани изрази солидарност со украинскиот народ.

    „Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина“, соопшти Пендаровски.

    Русија утрово почна воена операција во Украина, која се напаѓа од северот, истокот и југот. Снимките што ги објави украинската гранична служба покажаа влегување на руски воени конвои од Белорусија и од полуостровот Крим. Руските трупи веќе влегле во северните и источните региони на Украина.

    Украинските власти објавија дека досега загинале најмалку осум луѓе во руските напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира