РУСКИТЕ ВАКЦИНИ ЌЕ СТИГНАТ СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ БАЗДНИКИН

    РУСКИТЕ ВАКЦИНИ ЌЕ СТИГНАТ СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ БАЗДНИКИНАмбасадорот Баздникин и министерот Бочварски на стартот на авио линијата Скопје-Москва (Фото: Македонско-руска стопанска комора)

    Уште нема најава ниту од руската страна кога ќе стасаат нови количини од вакцината „спутник“. Владата преку директен договор има нарачано 200.000 дози уште во февруари, а досега се стасани смао 6.000 вакцини.

    Рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин не знае кога ќе има испорака на нови количини и вели договорот не е прекршен односно ќе се испочитуваат роковите.

    „Руската страна строго се придржува до своите обврските и планира да обезбеди испорака на вакцините во рокот предвиден со договорот. Меѓутоа распоредот на испорака не е предвиден со договорот и се формира во зависност од производствените можности на руската страна. Амбасадата е во постојан контакт со раководството на Рускиот фонд на дирекни инвестиции околу организација на испорака на вакцините. Се надеваме дека во блиска иднина ќе стигнат нови пратки. Сигурен сум дека сите обврски ќе бидат исполнети“, рече Баздникин одговарајќи на новинарско прашање на Скопскиот аеродром на прес-конференција по повод стартот на авио линијата Скопје-Москва.

    Првата пратка од 3.000 вакцини „спутник“ стигна во земјава на 7 март.

    Во моментов во земјава има мали количини на вакцини за прва доза бидејќи уште не се стасани ниту 500.000 дози од „Синовак“, ниту помошта од Бугарија и Грција од околу 70.000 најавени дози. Во понеделникот стасаа 11.000 дози „Фајзер“ и со нив се врши вакцинацијата со прва доза, но со намалено темпо за разлика од пред неколку недели. Министерот Венко Филипче најави дека деновиве ќе стасаат вакцините од кинескиот производител со што ќе продолжи процесот на масовна вакцинација.

    На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.255 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира