РУСКОСКА ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ СЕ ЗАКОНСКИ ПРЕМИИТЕ ШТО КАРАЏОВСКИ СИ ГИ ДОДЕЛИЛ СЕБЕ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

    РУСКОСКА ЌЕ ИСПИТУВА ДАЛИ СЕ ЗАКОНСКИ ПРЕМИИТЕ ШТО КАРАЏОВСКИ СИ ГИ ДОДЕЛИЛ СЕБЕ И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТОбвинителството ќе ја испитува дали се законски донесените одлуки за исплата на додатоците на плата за членовите на Судскиот совет. - Зоран Караџовски; Вилма Рускоска (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за одлуките на Судскиот буџетски совет за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата. Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци на плата во висина од 35% од основната плата.

    Обвинителството, каде шефица е Вилма Рускоска, ќе ја испитува дали се законски донесените одлуки за исплата на додатоците на плата за членовите на Судскиот совет. Предистрагата ја опфаќа и извршената исплата. Надлежниот обвинител за организиран криминал истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

    Членовите на Судскиот совет се функционери, тие земаат повисоки плати од нивните колеги судии и ним не им е дозволено да си додаваат додатоци за ризик и за други основи во своите функционерски плати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира