РУСКОТО МЕШАЊЕ НЕ Е ОД ИДЕОЛОШКИ ТУКУ ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НА ПОЕДИНЦИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    РУСКОТО МЕШАЊЕ НЕ Е ОД ИДЕОЛОШКИ ТУКУ ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НА ПОЕДИНЦИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека тоа сепак се „минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација“ (Фото: Влада на РМ)

     

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, но дека постојат сили кои гледаат шанса преку нарушување на безбедноста да остварат некакви свои цели, да се спротивстават членството во НАТО и во ЕУ. Тој, во интервју за државната агенција МИА, вели дека има руско мешање во македонските работи, но не станува збор за идеолошки сили туку за структури и поединци кои од лични причини се спротиставуваат на влезот во ЕУ и НАТО. Тој потенцира дека тоа сепак се „минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација“.

    „Ако разговараме за тоа дали ставот на Русија е дека Македонија не треба да биде членка на НАТО – да, тоа е нивен став. Меѓутоа, наш јасен став, национален, витален интерес за Македонија е да стане членка на НАТО и на Европската унија. Да, ни се случуваат одредени групирања на политички структури, на поединци итн. кои сакаат да се спротивстават на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Да, има такви структури, има такви поединци во Република Македонија кои сметаат дека заради задоволување на некакви свои лични интереси би го искористиле моментот за да се спротивстават на членството во ЕУ и НАТО, а на таа сметка да добијат некакво свое конто на политичка популарност. Меѓутоа, нема сили кои идеолошки се врзани и преку идеологија сакаат да се спротивстават заради тоа што не можат, немаат алтернатива на процесите кои ни се случуваат во земјата. Затоа, сметам дека Македонија е доволно цврста во своите намери да ја реализира својата цел – да биде членка на НАТО и на ЕУ“, вели Спасовски.

    „Геостратешката положба на Македонија носи одредени ризици и предизвици, но тие се превенираат, меѓу другото, и со добро функционирање, размена на податоци и искуства со пријателските служби со кои соработува Република Македонија. Верувајте дека Република Македонија има многу пријатели кои помагаат, пред сѐ, да ја одржиме стабилноста во државата, да се гарантира безбедноста – целовитоста на државата“, вели Спасовски во интервјуто за МИА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира