САД БАРААТ СОБРАНИЕТО ДА СЕ СОСТАНЕ И ДА ГИ ОТКАЖЕ ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    САД БАРААТ СОБРАНИЕТО ДА СЕ СОСТАНЕ И ДА ГИ ОТКАЖЕ ИЗБОРИТЕ

    Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

    Во изјавата од американската амбасада што ја емитуваше агенцијата МЕТА се вели:„Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори“.

    „Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата„, изјавиле од амбасадата на САД за агенцијата МЕТА.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари