Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, го поздрави договорот што го постигнаа синоќа лидерите на четирите партии за избори на 11 декември. Во заедничко соопштение со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан ги повикаа сите политички партии „строго да ја почитуваат кредибилноста на изборниот процес, да им овозможат на сите граѓани слободен избор и, по изборите, да се состави влада која се работи на клучните реформи и ќе работи во интерес на сите граѓани“.
Истовремено, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли порача дека изборите на 11 декември ќе бидат важен чекор за решавање на политичката криза во земјата.
„Најважно е што ќе направат партиите, медиумите и граѓаните. Тоа се тие одлуки коишто на крајот ќе ја доведат земјата до кредибилни избори и ќе овозможат државата да оди напред во реформи коишто ќе доведат до евроатлантски интеграции. Тоа ќе биде критичната точка која што ќе се случи. Медиумите ќе имаат важна улога во тоа“, кажа Бејли по потпишување на договорот.
САД И ЕУ ГО ПОЗДРАВИЈА ДОГОВОРОТ ЗА ИЗБОРИ НА 11 ДЕКЕМВРИ
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)