САД СЕ РАЗОЧАРАНИ ШТО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НЕ ДОБИЈА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

    САД СЕ РАЗОЧАРАНИ ШТО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НЕ ДОБИЈА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУПрепознаваме дека Европскиот совет не им кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Северна Македонија, ниту дека ЕУ воспоставува нови услови за отворање на пристапните преговори“, соопшти Стејт департментот; - Од посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Македонија на 4 октомври во Охрид. (Фото: СДК.МК)

    САД се разочарани што Северна Македонија и Албанија не добија датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, и ја поддржуваат посветеноста на обете земји за трансатлантската интеграција и аспирациите за влез во Европската унија, соопшти американскиот Стејт департмент.

    „Разочарани сме што Европскиот совет не ги препозна силните напори за реформи во двете земји со давање согласност да започнат преговори за пристапување во овој момент. Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто ќе се спротивставеше на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница. Препознаваме дека Европскиот совет не им кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Северна Македонија, ниту дека ЕУ воспоставува нови услови за отворање на пристапните преговори“, соопшти Стејт департментот.

    САД се надеваат дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете земји пред Самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира