САД СТАНА 25. ЗЕМЈА ШТО ГО РАТИФИКУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

    САД СТАНА 25. ЗЕМЈА ШТО ГО РАТИФИКУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТОAмериканскиот Сенат вечерва со 91 глас „за“ и 2 „против“, го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО. (Фото: Принтскрин од резултатот на гласањето во Сенатот)

    Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, со 91 глас „за“ и 2 „против“.  Со тоа, САД се 25. земја што го ратификувала Протоколот.

    За да стапи во сила Протоколот, потребно е да го ратификуваат парламентите на уште четири земји членки,  Франција, Шпанија, Исланд и Холандија, по што следи приемот на Македонија во НАТО.

    Се очекува тоа да се случи на Самитот на НАТО на 3 и 4 декември во Лондон.

    Приемот може да се одложи поради изборите во Шпанија закажани за 10 ноември, поради што парламентот е распуштен  и неизвесно е кога ќе се конституира новиот состав.

    Пристапниот протокол беше потпишан од амбасадорите на земјите членки во НАТО на 6 февруари во Брисел.

    Претседателот Стево Пендаровски се заблагодари на САД за ратификацијата на Протоколот.

    „Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави Пендаровски на официјалниот профил на Фејсбук.

    Американската амбасадата ѝ честиташе на земјава за „сите постигања и напорна работа да дојде до оваа точка“ и кажа дека САД очекува наскоро да ја поздрави како 30 сојузничка на НАТО.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари