САМО СО ФАКТИ И ВИСТИНА ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, РЕКОА СТОЛТЕНБЕРГ И ЗАЕВ

    САМО СО ФАКТИ И ВИСТИНА ПРОТИВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, РЕКОА СТОЛТЕНБЕРГ И ЗАЕВИнституциите на лажните вести да одговорат со факти и вистина, оти тие ја подриваат довербата во демократскиот капацитет на институциите. - Премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг (Фото: К. Попов)

    Најдобар начин против ширењето на лажните вести е да се кажат фактите и вистината, кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како членките на НАТО се справуваат со овој проблем и како може да и помогнат на земјата.

    Тој рече дека во сите земји има тренд каде социјалните медиуми и пропагандата се користат за да се намали довербата во демократскиот капацитет на институциите и дека тоа е неприфатливо. Според него на тоа треба да се одговори на различни начини, пред сѐ преку заштита на интернет мрежите, но и дел е во одговор на дезинформациите.

    „Најдобар на чин е да се кажат фактите и вистината, и да се овозможи силно и независно новинарство, како и преку јавни дебати каде новинарите ќе поставуваат тешки прашања. Токму и тоа е еден од постулатите на алијансата, заедно со владеење на правото“, рече Столтенберг.

    Премиерот Заев рече дека според извештајот на репортери без граници подобрена е состојбата со слободата на медиумите во земјата, но дека токму и слободата на медиумите ги носи лажните вести.

    „Одреден дел од институциите веќе работат на сајбер безбедност, како што се министерствата за внатрешни работи, одбрана, информатичко општество, правда. Најдобар начин за борба против лажните вести е одговор со вистинските факти преку самите институции во брз одговор, бидејќи така може да нанесат голема штета и врз одредени процеси, но и врз личности. Во овој дел очекувам поддршка и од медиумите“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира