САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИЈА, ТРЕБА ПРВИН ДА СЕ ЗАПИШЕ ВО КАТАСТАР ХИПОТЕКАТА НА ИМОТОТ ШТО ГО НУДИ

    САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИЈА, ТРЕБА ПРВИН ДА СЕ ЗАПИШЕ ВО КАТАСТАР ХИПОТЕКАТА НА ИМОТОТ ШТО ГО НУДИПрвостепено осудениот во „Трезор“ Мијалков Против него се води истрага за предметот „Империја“, обвинет е во „Плацеви на Водно“, а осуден е за незаконското масовно прислушување (Фото:СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и одлучи да го пушти од притвор од затворот во Шутка.

    Апелација го преиначила решението за притвор од Основниот кривичен суд и го пуштила Мијалков да се брани од слобода, прифаќајќи му ја гаранцијата од 11.106.501 евро, во недвижен и во движен имот. Одредени му се мерки на претпазливост – одземен му е пасошот, плус стандардната обврска да се јавува во Основниот кривичен суд.

    „Гаранцијата е со ставање хипотека на недвижен имот. Обвинетиот сè уште не е пуштен да се брани од слобода, потребно е првин во Агенцијата за катастар да се стави хипотеката. По запишувањето на хипотеката, се укинува мерката притвор“, вели Апелација.

    Мијалков беше притворен во предметот „Трезор“, каде што е првостепено осуден на 8 години затвор. Против него се води истрага за предметот „Империја“, обвинет е во „Плацеви на Водно“, а првостепено осуден е за незаконското масовно прислушување во „Тврдина-Таргет“ на 12 години затвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира