САШО МИЈАЛКОВ ОСУДЕН НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР, ТАЧИ НА 3 ГОДИНИ И 2 МЕСЕЦА, ВО „ТИТАНИК 2“

    САШО МИЈАЛКОВ ОСУДЕН НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР, ТАЧИ НА 3 ГОДИНИ И 2 МЕСЕЦА, ВО „ТИТАНИК 2“Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков на денешното изрекување на казната за „Титаник 2“. (Фото: К. Попов)

    Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е неправосилно осуден на три години затвор, а лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеца во предметот на СЈО „Титаник 2“. Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски 3 години, Сашо Срцев доби 3 години и Елизабета Стефановска исто така на 3 години затвор.

    Тачи, Ибраими, Сајковски, Срцев и Стефановска се осудени за злоупотреба на службената положба и овластувањата, а Тачи дополнително и за поттикнување.

    Мијалков е осуден за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело што им се става на товар на луѓе на моќни функции, во случајов како тогашен директор на УБК, кои замолуваат или наредуваат на други функционери и лица за да сторат кривично дело.

    Според обвинението на СЈО, односно пресудата што ја изрече денеска судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1, Мијалков нарачал преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

    „Никој нема право да ја узурпира правната држава за стекнување на лични и партиски интереси и да ја злоупотребува службената положба и овластувањата“, рече судијата Ставрев.

    Мендух Тачи беше отсутен на прогласувањето на обвинетите за виновни и на изрекувањето на пресудите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира