СДСМ ГИ ОТКАЖА АВТОБУСИТЕ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ

    СДСМ ГИ ОТКАЖА АВТОБУСИТЕ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ

    СДСМ ги откажа автобусите од внатрешноста за денешниот протест пред Собранието на Македонија, дознава СДК.МК. Официјално од партијата не кажуваат зошто се откажани автобусите. Од таму не ја исклучуваат можноста како и претходните денови нивните членови, па и дел од раководството да се придружат на протестот организиран од повеќе граѓански организации.

    Протестите се организираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев и заменичката Радмила Шеќеринска попладнево биле кај евроамбасадорот Аиво Орав.

    Вечерва е повторно закажан контрапротест на провладиното граѓанското движење ГДОМ пред седиштето на СДСМ. Приврзаниците на власта стигнуваат со автобуси од цела Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари