СДСМ ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ В НЕДЕЛА НА КОНГРЕС, А ВМРО-ДПМНЕ НА НЕКОЈ ГОЛЕМ СОБИР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СДСМ ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ В НЕДЕЛА НА КОНГРЕС, А ВМРО-ДПМНЕ НА НЕКОЈ ГОЛЕМ СОБИР

    Ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ не откриваат кои ќе им бидат адутите на пратеничките листи  за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Последниот рок до кога листите со кандидати за пратеници треба да се достават до Државната изборна комисија е следниот петок, 11 ноември, на полноќ, а на 18 ноември ДИК мора да ги објави во дневен печат.

    Од СДСМ велат дека в недела, на партиски конгрес, ќе ги објават кандидатските листи за пратеници. ЛидеРОТ Зоран Заев рече дека се водат целодневни разговори со коалиционите партнери и со граѓаните.

    „Ние нашите кандидатски листи ќе ги соопштиме на 6 ноември, в недела, за кога е закажан конгресот на партијата. Во тек се целодневни разговори со коалиционите партнери, но, пред сè, најголемо внимание посветуваме на средбите со граѓаните, кои ќе бидат дел од заедничките листи. Дотогаш не би сакал да изнесувам други детали“, рече Заев.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велатдека листите ќе ги објават на некој поголем собир, но сè уште дефинираат кога и како ќе изгледа тоа.

    Засега само ДПА ги објави кандидатските листи, на кои лидерот Мендух Тачи е носител во шестата изборна единица.

    Еве што уште остана да се сработи за изборите на 11 декември:

    • 11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
    • 18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
    • 21 ноември – Почнува изборната кампања, а завршува на 9 декември 2016 година во 24 часот;
    • 22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
    • 27 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;
    • 11 декември – Предвремени парламентарни избори.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира