СДСМ НА ИЗБОРИТЕ ОДИ СО „МОЖЕМЕ“ И МАШКО-ЖЕНСКИ ТАНДЕМИ ЗА НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ

    СДСМ НА ИЗБОРИТЕ ОДИ СО „МОЖЕМЕ“ И МАШКО-ЖЕНСКИ ТАНДЕМИ ЗА НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИИзминативе две и пол години покажавме дека можеме. Покажавме дека можеме да работиме и дома, но и на меѓународен план“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето пред делегаѕите и гостите.(Фото: К.Попов)

    Кампањата на СДСМ и коалиционите партнери на парламентарните избори ќе биде под слоганот „Mожеме“, а во секоја изборна единица носители на листи ќе бидат машко-женски тандеми. По завршување на конгресот на СДСМ, лидерот на партијата ги претстави носителите на листите и кандидатите за пратеници во шестте изборни единици.

    • Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска ќе бидат носители во првата изборна единица
    • Во втората изборна единица се техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
    • Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и пратеничката Јагода Шахпаска ќе бидат носители во третата изборна единица.
    • Лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеничката од НСДП Соња Мираковска ќе бидат носители во четвртата изборна единица.
    • Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Јован Митревски ќе бидат носители во петтата изборна единица
    • Во шестата изборна единица носители ќе бидат лидерот на Беса Биљал Касами и Фаница Николовска од СДСМ.

    „Ова се луѓето кои ќе ја донесат победата на 12 април. Важно е во земјата да продолжат реформите, растот на економијата, на инвестициите и вработувањата, да растат вложувањата во образованието, здравството, културата, социјалната заштита. Изминативе две и пол години покажавме дека можеме. Покажавме дека можеме да работиме и дома, но и на меѓународен план“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето пред делегатите и гостите на конгресот.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира