СДСМ ПРЕДЛАГА ДА СЕ НАМАЛИ ДДВ ЗА СТРУЈА ОД 18 НА 5 ОТСТО, ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА Е НЕСПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ

    СДСМ ПРЕДЛАГА ДА СЕ НАМАЛИ ДДВ ЗА СТРУЈА ОД 18 НА 5 ОТСТО, ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА Е НЕСПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕОд СДСМ велат дека поради погрешните политики на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард на граѓаните со месеци се влошува. (Фото: К. Попов)

    Опозициската СДСМ ѝ предлага на Владата сет од седум економски мерки за подобрување на економскиот стандард на граѓаните меѓу кои и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто. Како што кажа на денешниот брифинг со новинари претседателот на СДСМ Венко Филипче, поради погрешните политики на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард на граѓаните со месеци се влошува, граѓаните имаат сѐ помалку пари додека платите стагнираат.

    Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка. Мерката за замрзнување на маржите на 10 отсто нема да даде резултат бидејќи трговците веќе се подготвија, додека владата најавуваше тие ги покачија цените и сега со замрзнатите цени нема да има никакво намалување. Ние предлагаме пакет од седум мерки и тоа намалување на ДДВ за струја од 18 до 5 отсто. Во ситуација кога голем број од граѓаните се жалат на зголемени сметки за струја со оваа мерка ќе се намалат овие трошоци. Како втора мерка е замрзнување на ДДВ на основните прехранбени производи на три месеци, потоа замрзнување на маржите и под итно да почне да се применува Законот за нефер трговски практики“, рече Филипче.

    СДСМ бараат од Владата да се намали цената на зелениот картон и да не се плаќаат придонеси за фирмите во приватниот сектор кои ќе ја зголемат платата на работниците.

    Владата на вчерашната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на дел од производите на 10 отсто. Замрзнување на маржите ќе има за сите производи кои беа во есенската кошничка, дополнети со бебешка храна и детергенти а ќе трае до 30 април. Опфатени се околу 100 групи на производи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира