СДСМ ПРИФАТИ АМАНДМАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БУЏЕТОТ, ИАКО ТИЕ БОЈКОТИРААТ

    СДСМ ПРИФАТИ АМАНДМАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БУЏЕТОТ, ИАКО ТИЕ БОЈКОТИРААТИма расположение кај власта да прифати неколку амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и на Движењето Беса. - Од расправата во Комисијата за финансирање и буџет (Фото.Г. Трпеноски)

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет досега прифати два амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за субвенционирање на печки за пелети и за ТИРЗ Куманово, иако пратениците на опозицијата ја бојкотираат комисиската расправа за буџетот поради притворите на осомничените за 27 април. Според собранискиот Деловник, амандманите се читаат и по нив се произнесува владиниот претставник од министерството за финансии.

    Членови од Комисијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека има расположение кај власта да прифати неколку амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и на Движењето Беса. Со Комисијата за финансирање и буџет претседава Васко Ковачевски од СДСМ, кој беше назначен од претседателот на Собранието Талат Џафери поради неколкукратното откажување на Комисијата од претседателката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ковачевски рече дека ако се заврши побргу расправата по поднесените 279 амандмани, од кои што околу 200 се на ВМРО-ДПМНЕ, поради нивниот бојкот на расправата, Комисијата за финансирање и буџет може да ја заврши работата и пред предвидените десет дена за расправа.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари