СЕ АПСАТ ЛИЦА ПОВРЗАНИ СО ТЕРОРИЗАМ ВО СКОПЈЕ ВО АКЦИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, МВР И АНБ

    СЕ АПСАТ ЛИЦА ПОВРЗАНИ СО ТЕРОРИЗАМ ВО СКОПЈЕ ВО АКЦИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, МВР И АНБДодека не заврши акцијата нема да се знае ни дали се регистрирани екстремисти или се нови. (Фото: СДК.МК)

    Акција за апсење лица осомничени за тероризам е во тек на повеќе локации во Скопје, под раководство на јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), МВР и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

    „Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана“, кажа Обвинителството.

    Не е познато дали станува збор македонски или за странски државјани, ниту за какви активности точно се работи и дали се тие насочени кон Македонија, или кон други држави. Додека не заврши акцијата нема да се знае ни дали се регистрирани екстремисти, или се нови.

    Осудените повратници од ИСИС во Македонија се скоро сите со веќе отслужени затворски казни и се во програма за ресоцијализација во општеството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира