ВРЕМЕ Е СИТЕ ДА РАЗБЕРАТ – ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ЗАВИСИ САМО ОД БУГАРИЈА, РЕЧЕ РАДЕВ ВО БРИСЕЛ

    ВРЕМЕ Е СИТЕ ДА РАЗБЕРАТ – ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ ЗАВИСИ САМО ОД БУГАРИЈА, РЕЧЕ РАДЕВ ВО БРИСЕЛРадев и Пендаровски на 26 мај заедно заминаа во Ватикан за одбележување на Свети Кирил и Методиј. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Време е сите да разберат дека забрзувањето на европската перспектива за нашата најблиска земја зависи само од ангажманот и резултатите од дијалогот со Бугарија“, рече бугарскиот претседарел Румен Радев во Брисел, додавајќи дека темата за започнување преговори меѓу Македонија и ЕУ биле отфрлени од европските лидери на бугарско инсистирање.

    „Бугарија се спротивстави на ’неверојатниот притисок’ од европските партнери да се одобри почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Брисел, откако пред неколку дена повторно ја блокираше земјава за датум за Меѓувладината конференција. По пристигнувањето на дводневниот Европски совет во Брисел, Радев рече дека Бугарија успеала во инсистирањето прашањето за започнување преговори со Македонија и Албанија Тирана да се тргне од денешната агенда на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ.

    Радев се пожалил дека последните месец и половина Бугарија била под огромен притисок од европските партнери на денешниот Европски совет да се започнат преговори за членство на Македонија.

    „Притисокот ќе продолжи, но ние докажавме овој месец и половина дека можеме да бидеме отворени за конструктивен дијалог и да го иницираме дијалогот на највисоко ниво. Нема да дозволиме да ни ги свиткаат рацете со лобирање, ниту пак со медиумски и политички притисок“, додаде Радев.

    Тој рече дека на самитот на ЕУ во мај Бугарија била во изолација, соочена обвинувања за блокирањето на преговорите со Македонија и со Албанија.

    „Привремената влада вложи големи напори за да ги надополни сите години во кои нашите партнери никогаш не биле во можност да слушнат значајна, аргументирана бугарска позиција на високо ниво. Затоа одржав многу лични состаноци и разговори со лидерите на европските институции“, рече тој.

    „Верувам дека разбраа оти критиките кон Бугарија се неосновани, дека имаме јасен став да најдеме излез од овој проблем и дека инсистираме на сигурни гаранции и долгорочни резултати во билатералните односи. За овој месец и половина Бугарија докажа дека и покрај притисокот врз нас, е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи нови проблеми да се внесуваат во Унијата“, рече Радев.

    „Покажавме дека се придржуваме до Копенхашките критериуми за членство и не можеме да ја игнорираме дискриминацијата на граѓаните на нашиот сосед, само поради нивното самоидентификување како Бугари, што е спротивно на европските вредности и принципи. Не можеме да кажеме ‘да’ пред да видиме одржливи механизми за искоренување на искривениот наратив и намерниот однос кон Бугарија од учебниците, музеите, спомениците, до медиумите и државната политика. Не можеме да кажеме ‘да’ додека не се увериме дека нашиот сосед нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, рече Радев пред самитот во Брисел.

    Пред два дена Бугарија потврди дека нема да ја поддржи преговарачката рамка на Северна Македонија за преговори со ЕУ. Бугарската страна инсистира на гаранции дека Македонците ќе го спроведат Договорот за добрососедство од 2017, обидувајќи се да ја донесат неговата контрола на европско ниво. Сепак, земјите членки на ЕУ не го прифаќаат овој пристап, бидејќи не сакаат билатералните прашања да се решаваат на европско ниво.

    Премиерот Зоран Заев во Собранието во одговор на пратеничко прашање кажа дека во португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија има одредба за јазикот која гласи „говориме два слични, но различни и меѓународно признати јазици“. Одговорот на Заев следеше по прашањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи која побара од премиерот да го прочита пред јавноста предлогот со кој минатата недела отиде на средби во Софија.

    Заев од собраниската говорница кажа дека оваа влада никогаш не преговарала за јазикот и идентитетот, па ниту сега, а поради квазипатриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ земјава тапкала и тапка во место.

    „Не ни треба Европската унија ако некој воопшто збори за јазикот и идентитетот. Во Софија разговаравме за патоказотот кој стои во португалскиот предлог. Во тој патоказ се опишани сите облици на соработка, со датуми, како што е изградба на патна инфраструктура, отворање гранични премини и други облици на соработка. Во однос на јазикот стои дека говориме два слични, но различни и меѓународно признати јазици. Ние сличен јазик имаме и со Србите, Хрватите и други словенски народи. Во предлогот исто така стои акито да биде на македонски јазик“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира