На денешната лидерска средба прифатено е барањето на ВМРО-ДПМНЕ пред избори да биде формирана техничка влада, според Пржинскиот договор.
„Прифативме законски измени кои што ќе овозможат 100 дена пред избори да се формира техничка влада, во формат сличен на Пржинскиот договор. Лидерската средба продолжува, сега се враќаме на прашањето за референдумот, да одредиме датум, карактер и референдумското прашање“, рече премиерот Зоран Заев.
Заев рече дека прашањето за референдумот е многу важно прашање и затоа се договориле со лидерите на партиите денеска да завршат со лидерската средба.