СЕ НАДЕВАМ МОЈОТ СВЕДОК НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЧ“, РЕЧЕ ЈАНЕВА ВО СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ НАДЕВАМ МОЈОТ СВЕДОК НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЧ“, РЕЧЕ ЈАНЕВА ВО СОБРАНИЕТО

    Специјалната јавна обвинителка се надева дека нејзиниот единствен сведок за случајот со незаконското прислушување „Пуч“ Никола Груевски ќе се појави во судницата, а судот ќе побрза со закажување рочишта.
    “Ако ме слуша Основниот суд Скопје 1, кој го одложи судењето за случајот „Пуч“ дури за месец и пол, зашто поротник се разболел, нека го презакаже за први октомври. Спремна сум да дадам воведно излагање. Се надевам ќе дојде и единствениот мој сведок Никола Груевски“, повика вчера специјалната обвинителка Катица Јанева од Комисијата за политички систем, откако пратеникот Димитар Стевананџија и други пратеници од владејачкото мнозинство и забележаа дека и по 13 месеци СЈО не одговори кој прислушувал, во кој период, за какви цели и кој му ги дал прислушуваните материјали на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
    Освен што го обвини и во оваа прилика Кривичниот суд што го кочи почетокот на судењето за “Пуч“ случај кој треба да одговори кој прислушувал и кој му ги дал материјалите на Заев, Јанева во одговор на прашањата на пратениците од Комисијата за политички систем на оваа тема, додаде и дека е точно оти има нови необјавени разговори кои таа ги преслушала и дел од нив, заедно со доказите во некои од постапките, му се предадени на Судот.
    “Судот за нив ќе се произнесе“, рече Јанева за новите необјавени разговори. Додаде и дека во тие само 12 отсто преслушани разговори, имало приватни разговори. Зоран Заев во тие 12 отсто го немало како прави разговори за тендери, одговори Јанева, а имало повеќе таргети за слушање, на кои биле налепени и функционери и обични граѓани.
    Седницата на Комисијата е во тек, а како што е најавено ќе трае до 23 часот вечерва.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира