СЕ НАМАЛУВА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИТЕ ЗА КОРОНАВИРУС

    СЕ НАМАЛУВА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИТЕ ЗА КОРОНАВИРУСПроцент на позитивни на тестирањето за коронавирус во последните три недели. (Извор: Институт за јавно здравје)

    Процентот на позитивни на тестовите за коронавирус во земјава падна под 10 отсто изминативе три дена и за првпат во три недели е под 7 отсто, според официјалните бројки објавени од Институтот за јавно здравје.

    Според анализите на Светската здравствена организација (СЗО), лош знак е ако е голем процентот на позитивни тестови, бидејќи тоа значи дека постојат уште многу случаи кои не се откриени. Тоа, според СЗО, се должи на тоа што во таков случај се тестираат главно очигледните случаи и се случува 80-90 отсто од тестираните да бидат позитивни, а како резултат на тоа здравствените власти немаат јасна слика колку е раширена епидемијата.

    Во земјите каде што има пораширено тестирање, процентот на позитивни случаи е многу помал, велат од СЗО.

    Министерот за здравство Венко Филипче вчера кажа дека досега направиле 13 илјади тестови за коронавирус.

    „Заклучно денес реализирани се вкупно 13.000 тестови за КОВИД-19. Со оваа бројка остануваме високо меѓу земјите со најмногу реализирани тестови по глава на жител во регионот. Од вчера ги зголемивме дополнително капацитетите преку лабораторијата на МАНУ, а се вклучува и лабораторијата на Судска медицина. Со ова го намалуваме времето за чекање на резултатите“, кажа вчера Филипче.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1259. Излечени се 272, а починати се 56.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира