СЕ НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ЗАЕДНИЧКИОТ УСПЕХ – МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА СО ЕУ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА СРЕДБАТА СО НОВАТА ГЕРМАНСКА АМБАСАДОРКА АНКЕ ГИЗЕЛЕ ХОЛШТАЈН

    СЕ НЕТРПЕНИЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ЗАЕДНИЧКИОТ УСПЕХ – МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА СО ЕУ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА СРЕДБАТА СО НОВАТА ГЕРМАНСКА АМБАСАДОРКА АНКЕ ГИЗЕЛЕ ХОЛШТАЈНАмбасадорката Холштајн на средбата со Димитров ја повтори поддршката на Германија за реализација на стратешките приоритети на земјава. (Фото: МНР)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Германија во земјава Анке Гизеле Холштајн. Димитров кажа дека изминатиов период Македонија и Германија имаат исклучително динамичен билатерален политички дијалог и соработка во повеќе области од заемен интерес.

    „Покрај интензивната билатерална соработка во изминативе три години која посветено се стремиме да ја продлабочуваме и во иднина, со нетрпение го очекуваме и заедничкиот успех – првата Меѓувладина конференција да биде организирана токму за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Благодарни сме за досегашниот германски придонес во градењето консензус и донесување на позитивна одлука за започнување на преговори за членство во Европската Унија, во март ова година“, кажа Димитров.

    Амбасадорката Холштајн ја повтори поддршката на Германија за реализација на стратешките приоритети на земјава, подвлекувајќи дека иако германското претседавање со Советот на ЕУ е исправено пред најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ поради пандемијата на КОВИД-19, ќе се заложи максимално да ја засили европската перспектива на нашиот регион, а со тоа и да обезбеди стабилност и развој на Западниот Балкан.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира