СЕ ПОДГОТВУВА ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МАТКА ЗА СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА ОТКАКО СЕ НАПОЛНИ СО ДИВОГРАДБИ

    СЕ ПОДГОТВУВА ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МАТКА ЗА СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА ОТКАКО СЕ НАПОЛНИ СО ДИВОГРАДБИОд Министерството за животна средина велат дека Матка се прогласува за споменик на природата, заради заштита на неговите природни вредности кои се од посебно значење за заштита на природата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата. Откако на кањонот се изградија диви платформи, но и викендички и куќи, Владата допрва со законско решение ќе ја заштитува Матка.

    Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека просторот на локалитетот Кањон Матка се прогласува за споменик на природата, заради заштита на неговите природни вредности кои се од посебно значење за заштита на природата.

    „Со прогласување на Споменик на природата Кањон Матка за заштитено подрачје се овозможува – зачувување на природната состојба на локалитетот Кањон Матка преку заштита на природните и други вредности,  спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите“ се вели во објаснувањето на Министерството објавено на ЕНЕР.

    Законот треба да биде изготвен до 1 октомври, по што треба да помине на Влада и во Собранието.

    Прашањето за прогласување на кањонот Матка за споменик на културата се отвори по написите на САКАМДАКАЖАМ.МК за дивите платформи кои без дозвола се изградија меѓу карпите во заштитениот појас.  Платформите сè уште стојат нечепнати. Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети постојано вели дека не може да ги урне дивите платформи оти сопствениците поднеле барање за легализација. Останатите институции се прогласуваат за ненадлежни, префрлајќи ја топката еден на друг.

    На 11 јуни лани, Јавното обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од Антикорупциска корупцијата против градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, кого го пријави за Злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење во службата за дивите платформи на Матка.

    На 16 октомври лани, Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира