СЕ РАДУВАМ ШТО ЛИЧНО ЌЕ СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ ВО ТРСТ, ВЕЛИ МЕРКЕЛ ВО ЧЕСТИТКАТА ДО ЗАЕВ

    СЕ РАДУВАМ ШТО ЛИЧНО ЌЕ СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ ВО ТРСТ, ВЕЛИ МЕРКЕЛ ВО ЧЕСТИТКАТА ДО ЗАЕВПремиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел ќе се сретнат на Конференцијата за Западен Балкан на 12 јули во Трст.

    Германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе изборот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за премиер и формирањето на нова влада.

    „Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, се вели во честитката на Меркел до премиерот Заев.

    Германија решително ќе ја подржи Македонија во заложбите за влез  во НАТО и на ЕУ.

    „Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, додаде Меркел во честитката.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира