СЕ РАСПИШУВААТ ИЗБОРИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ОСПОРАТ, ВЕЛИ ЧЛЕНОТ НА ДИК БЕДРЕДИН ИБРАИМИ

a:1:{s:6:"td_via";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ РАСПИШУВААТ ИЗБОРИ ШТО  МОЖЕ ДА СЕ ОСПОРАТ, ВЕЛИ ЧЛЕНОТ НА ДИК БЕДРЕДИН ИБРАИМИ

    Членот на ДИК Бедредин Ибраими вели дека се распишуваат избори кои се спротивни на Изборниот законик и дека за тоа го известил министертвото за правда.

    „Како член на ДИК го известив министерството за правда дека во Шестата изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи во однос на законското отстапување од плус/минус 5 отсто во Изборните единици. Побарав да се напрaват измени на Изборниот законик, за да се нивелираат изборните единици. Правда, односно Владата, досега нема изготвено такви измени. Ние како ДИК ја завршивме нашата работа. Сега треба да постапиме по одлуката на претседателот на Собранието за распишување на предвремените парламентарни избори на 11 декември“, изјави Бедредин Ибраими, за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    На прашањето дали распишување на избори без решавање на проблемот на изборните единици е спротивно на Иборниот законик и дали тоа ќе биде основа било кој да ги оспори изборите, Ибраими вели: „Тоа е факт. А за понатака се е можно…“

    Лидерот на ДПА Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, во петокот изјави дека власта манипулативно ќе ги балансира Изборните единици.

    „Тројката ќе остане со минус 4,8 отсто помалку гласачи. Шестата  изборна единица ќе се намали на плус 4,9, тоа е 9,5 отсто. Поголемиот проблем тука е помеѓу ДПА и ДУИ, затоа што ДУИ по никоја цена не дава Зајас и Осломеј да одат во Петтата или во Четвртата изборна единица, бидејќи со 10 илјади гласови што ДУИ ги краде таму, одма обезбедува плус два мандати за партијата“, изјави Тачи по средбата со Хан.

    На прашањето што ако се оди на избори без нерешени изборни единици, Тачи рече: „Ние не можеме да одиме на избори, тоа е противзаконско. Ние ќе поднесеме иницијатива и ќе ги оспориме изборите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира