СЕ РУШИ ОГРАДАТА ОКОЛУ ВЛАДАТА

    СЕ РУШИ ОГРАДАТА ОКОЛУ ВЛАДАТАСе руши само металниот дел од оградата, а бетонските столбови ќе останат. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Работници утринава почнаа да ја отстрануваат оградата околу Владата. Се руши само металниот дел од оградата, а бетонските столбови ќе останат, бидејќи, како што кажаа од Владата, нивното отстранување било скапо.

    За рушењето на оградата беше донесена одлука на завчерашната владина седница, а тоа беше едно од предизборните ветувања на премиерот Зоран Заев.

    Непосредно откако стапи на функцијата во 2017 година, тој најави дека од оградата ќе се направат клупи и настрешници.

    Оградата околу Владата беше поставена во септември 2015 година и чинеше околу 700 илјади евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира