СЕ ШТАНЦАЛЕ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРИСТАП ДО КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТО, ОД 1.500 ГИ НАМАЛИВМЕ НА 300, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

    СЕ ШТАНЦАЛЕ СЕРТИФИКАТИ ЗА ПРИСТАП ДО КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТО, ОД 1.500 ГИ НАМАЛИВМЕ НА 300, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКАОвие сертификати се издавале на повеќе години, а сега ќе се даваат на шест месеци и само за оние што ќе учествуваат во мисиите на НАТО, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за одбрана го намалува бројот на луѓе кои имаат НАТО сертификати, со измените на Законот за класифицирани информации кој е во собраниска процедура, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа кажа рече дека нема потреба толку многу луѓе да имаат пристап до класифицирани информации.

    „Ни укажаа дека нема потреба толку многу луѓе да имаат пристап до класифицирани информации. Претходно биле издадени 1.500 вакви сертификати, сега тоа го сведовме на 300. Буквално се штанцале сертификати, имало јавувања по телефон, се вршеле притисоци. Овие сертификати се издавале на повеќе години, а сега ќе се даваат на шест месеци и само за оние што ќе учествуваат во мисиите“, рече Шекеринска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари