СЕ УКИНУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА НАЈМНОГУ ДВАЈЦА НА ЕДНА МАСА ВО КАФАНИТЕ, СЕ ЗАБРАНУВА ОДБОЈКА НА ПЛАЖА

    СЕ УКИНУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА НАЈМНОГУ ДВАЈЦА НА ЕДНА МАСА ВО КАФАНИТЕ, СЕ ЗАБРАНУВА ОДБОЈКА НА ПЛАЖАСе укинува и и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство. - Вработена дезинфицира угостителски објект во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    На денешната владина седница беа усвоени протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести во врска со работата на базените и на плажите во пандемија на КОВИД-19, а беше променет и протоколот за работа на угостителските објекти, соопшти Владата.

    Според усвоените измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

    Протоколот за работа на плажите предвидува задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите.
    Предвидено и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 метри квадратни нето површина.

    На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

    Се забрануваат групните спортови, како одбојка на плажа, и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките.

    На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа.

    Усвоен е и протокол за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19. Покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 – 2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри или заштитна бариера. Се препорачува да се практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.

    Се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 метри квадратни нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7 метри квадратни во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.

    За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.

    На базените не се препорачува користење на угостителски услуги, а за оние во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира