СЕ УСМРДЕА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА ОТИ „СЕКЈУРИКОМ“ НЕ ИМ ДАВА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

    СЕ УСМРДЕА ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВАТА ОТИ „СЕКЈУРИКОМ“ НЕ ИМ ДАВА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕОд Владата велат дека редовно ги исплаќаат обврските од договорот со компанијата за хигиена и одржување. - Вработена во „Секјуриком“ го чисти влезот пред Владата (Фото: СДК.МК)

    Три месеци фирмата „Секјуриком“ не ги чисти министерствата и владините институции. „Секјуриком“ на тендер кој го распиша Службата за општи и заеднички работи беше избрана да ги одржува и обезбедува владините објекти. Вработените со месеци немаат земено плата, па поради тоа одбиваат да ги извршуваат работните задачи.

    Ниту се чистат, ниту пак има доволен број луѓе кои ги обезбедуваат институциите. Од Службата за општи и заеднички работи за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека овој проблем трае со месеци. Како еден пример ја наведуваат зградата на Македонската телевизија, каде, според договорот, „Секјуриком“ треба да обезбеди 30 луѓе за одржување и обезбедување, но на работа доаѓаат само 4 лица.

    „Ние редовно ги исплаќаме обврските од договорот. Априлската фактура е исплатена, мајската сега ни стигна и во моментот правиме пресметки колку ќе им исплатиме оти не се завршени сите обврски. Така е во сите министерства. Зошто не им се исплаќаат плати не знаеме. Но, во наредниот период ќе преземеме мерки поради непочитување на обврските од склучениот договор“ вели Пеце Мирчевски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

    На 16 март, Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Васе Доневски и газдата на фирмата „Секјуриком“ Волфганг Гампер за Злоупотреба на службената положба и овластување и за кривично дело соизвршителство.

    Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми тогаш кажа дека откриле како ексдиректорот Доневски во текот на 2015 година свесно и со однапред утврдена намера ја искористил службената положба и со пречекорување на службените овластувања иницирал постапка за јавна набавка без електронска аукција во која фирмата „Секјуриком“ добила тендер во вредност од 11 милиони евра.

    На Доневски му беше изречен притвор, а газдата на „Секјуриком“ помина со поблаги мерки на претпазливост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира