СЕГА МИ Е ЈАСНО ЗОШТО ПИЈАМ КАФЕТИН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗАГРЕБ МИЛАН БАНДИЌ ГО ПОСЕТИ АЛКАЛОИД

    СЕГА МИ Е ЈАСНО ЗОШТО ПИЈАМ КАФЕТИН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗАГРЕБ МИЛАН БАНДИЌ ГО ПОСЕТИ АЛКАЛОИДГрадоначаникот на Загреб Милан Бандиќ (десно) заедно со директорот на Алкалоид Живко Мукаетов (во средината) и познатиот загрепски лекар специјалист Гзим Реџепи (лево) кој е по потекло од Пирок, тетовско, на трибините на стадионот во Скопје за време на натпреварот на УЕФА Суперкупот (Фото: АЛкалоид)

    Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ го посети Алкалоид АД Скопје, соопштија од фармацевтската компанија.

    За време на работната средба Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, го запознал Бандиќ со работењето и резултатите од работењето на компанијата како и деловните операции на хрватскиот пазар, каде производите на „Алкалоид“ се присутни речиси половина век.

    Производите на Алкалоид во Хрватска се присутни речиси половина век – Бандиќ и Мукаетов во обиколка на погоните на скопската фармацевтска компанија (Фото: Алкалоид)

    По обиколката на производните капацитети  Милан Бандиќ изјави: „Кога една компанија успеала цели 8 децении да се одржи на европскиот и да допре до светскиот пазар, тогаш нејзин главен гарант е единствено високиот квалитет. Навистина сум воодушевен од она што имав можност да го видам низ производните погони на “Алкалоид” и сега ми е сосема јасно зошто кога ме боли глава, веднаш посегнувам по Кафетин“.

    Мукаетов и Бандиќ разговарале и за претстојното сениорско Европско ракометно првенство 2018 во машка конкуренција, кое во јануари следната година ќе се одржува во Хрватска. На првенството, чии натпревари ќе се играат во 4 различни градови, македонските ракометни сениори боите на Македонија ќе ги бранат во градот Загреб.

    Од позиција на Претседател на Ракометната федерација на Македонија, г. Мукаетов побара логистичка поддршка од домаќините, имајќи го предвид огромниот интерес кај македонските ракометни фанови за следење на овој спортски спектакл од трибините на „Арена Загреб“, како и искуството од 2009 година, кога македонската „Фаланга“ ‘ги запоседна’ Вараждин и Задар за време на Светското ракометно првенство.

    Милан Бандиќ го тера шестиот мандат како градоначалник на Загреб. Меѓу Загрепчаните, тој е познат како реформатор, за време на чие раководење градот доживува економска и културна ренесанса.

    Бандиќ беше во Македонија да го следи натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед на УЕФА Суперкупот како гостин на познатиот загрепски пулмоонколог Гзим Реџепи кој е по потекло од Пирок, тетовско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира