СЕЛА ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА ВЕДНАШ ПО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

    СЕЛА ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА ВЕДНАШ ПО ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕЗијадин Села рече дека се надева дека инсистирањето за пополнување на министерството за здравство со кадар од СДСМ е за вистински реформи, а не за бизнис меѓу СДСМ и ДУИ (Фото: Г. Трпеноски)

    Алијансата за Албанците ќе ја напушти Владата веднаш после усвојувањето на законот за употреба на јазикот.

    „Ќе бидеме во Владата  додека не се донесе законот за јазици. Не сакаме да останеме во Влада која останува машина за перење на гревовите на дел од функционерите кои се во владата. Премиерот лаже кога вели дека се работ само за пополнување на празни министерски места“, рече лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес конференција.

    Села рече дека се надева дека инсистирањето за пополнување на министерството за здравство со кадар од СДСМ е за вистински реформи, а не за бизнис.

    „Се надевам дека целта, тоа што инсистираат токму на ова решение, не е променетиот став за изградба на новиот клинички центар, кој кошта десетици милиони евра и дека зад ова не се кријат бизнис интереси меѓу ДУИ и СДСМ“, рече Села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира