СЕЛА ЈА ОБВИНИ ДУИ ДЕКА СЕ ЛИЦЕМЕРИ ШТО СЕ КРИЈАТ ЗАД ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Струга(САКАМДАКАЖАМ.МК)

СЕЛА ЈА ОБВИНИ ДУИ ДЕКА СЕ ЛИЦЕМЕРИ ШТО СЕ КРИЈАТ ЗАД ВМРО-ДПМНЕ

Албанците треба да побараат одговорност од лидерот на ДУИ Али Ахмети и партиските функционери бидејќи  ДУИ од 2008 до денес имаат изгласано 16 буџети за проектот Скопје 2014 на ВМРО-ДПМНЕ, а ги аминуваат кратењето на буџетите за општините  каде мнозинство се албанско население , вели за САКАМДАКАЖАМ.МК лидерот на Партијата за реформа на ДПА и градоначалник на Струга Зијадин Села. Тој смета дека ДУИ станала партија на лицемери.

“ДУИ  почна со хипокризија и стана партија на хипокрити. Почнувајќи од Ахмети па до сите функционери на ДУИ, гласаат буџети, ребаланси на буџети, а после го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски дека не инвестира во општините каде живее и албанско население. Мислам дека тоа не е правилно. Албанците треба да побараат одговорност од ДУИ и Али Ахмети, бидејќи оваа партија се фали дека има легитимитет кај Албанците“ вели Села, и додава:

„Ја отвараш дебатата за Скопје 2014 и ги слушаш дека тоа бил некој проект од времето на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е глупост од тие функционери-хипокрити. Тие забораваат дека од 2008 па до денес за истиот проект имаат изгласано 8 буџети, што заедно со ребалансите се 16 буџети. И ден денеска гласаат за проекти за општините со македонско население, од  друга страна во општини каде се Албанците мнозинство кратат. Од ставката култура на пример, Струга, Гостивар, Тетово Чаир има нула. Овие луѓе не знам како да ги оквалификувам, навистина претераа“, вели Села.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во саботата зборуваше на Конференцијата за 15 годишнината на Охридскиот договор на Попова Шапка рече дека немало начин да се избегне она што се случи и дека „Охридскиот договор им припаѓа на сите и тој ја спаси земјата од поделба“.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира