СЕРТИФИКАТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА СЛОБОДНО ПАТУВАЊЕ ОД ДЕНЕС ДОСТАПЕН НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

    СЕРТИФИКАТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА СЛОБОДНО ПАТУВАЊЕ ОД ДЕНЕС ДОСТАПЕН НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈАКако што објаснуваат од Министерството за здравство со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу.(Фото: СДК.МК)

    Сефрификатот за вакцинација од денеска граѓаните можат да го имаат и на мобилна апликација на паметен телефон. Апликацијата  CommonPass за патување во странство е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store и App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Како што објаснуваат од Министерството за здравство со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со него граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

    „Министерството за здравствно им нуди повеќе оpции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата“, велат од Министертсвото за здравство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира